Проширување на плодиштето, додавање на втор наставак

Начини за размножаване - самосмяна, роене, свещево.

Модератор: Scutellator

Публикувай отговор
marjan-pcelar
Мнения: 9
Регистриран на: Вто Яну 26, 2010 7:28 pm

Проширување на плодиштето, додавање на втор наставак

Мнение от marjan-pcelar »

Месецот Април е многу битен за нас пчеларите ,овошките цветаат .....

ИзображениеИзображение

И ливадите почнуваат да ја покажуваат својата убавина.......

ИзображениеИзображениеИзображениеИзображение

Но за нас пчеларите најбитно е цветањето на јаболката.....

ИзображениеИзображениеИзображениеИзображение

кој претставува многу битен показател за јачината на пчелните семејства и време кога треба да ги извршиме неопходните работи во пчеларникот ,а тоа е додавање второ тело или ротација на телата со превешување на рамки и додавање на сатни основи.

Јас  наведените работи ги работам на следниот начин
- За да ја искористат пашата пчелните семејства во овој период ( цветањето на јаболката) треба да имаат 8-9 рамови со легло и 10 запоседнати улици со пчела ,кој претставува мерило дека пчелните семејствата ке ја искористат главната паша ,затоа почнувам со работа и проверивам визуелно.....

Изображение
Изображение
Изображение  ,гледам дека  на пчелното семејство и крајните рамки се исполнети со пчела.

- Го проверувам условот со јачината на легло во вовој период  (цветањето на јаболка) односно вршам проверка на јачината со легло ,ги подигам само претпоследните рамки .....

Изображение , и проверувам дека се со легло.
Останатите рамки во средина не ги проверувам бидејки се знае дека се со легло, а со цел да не го вознемирувам пчелното семејство.

На слката подигнатите рамки се со легло

Изображение
со што констатирам дека пчелното семејство е со 8 рамки со легло.

Условот за проширување на пчелното семејство е исполнет ( 8 рамки со легло и 10 улици пчела ) и пристапувам кон додавање на второ тело .

Зимам од пчелното семејство 2 рамки со легло ,по можност да бидат со отворено легло и ги ставам во новто тело ,обавезно споени бидејки има големи временски варијации во ова време од годината,  а со цел и да се задржи компактноста на леглото

Изображение Изображение Изображение

Од двете страни до рамките со легло,за побрз развој на семејството ставам извлечени кафеави рамови предходно испрскани со сируп во кој има малце повидон јод

Изображение

И ги ставам до рамките со легло

Изображение

Изображение

Потоа следат и сатните основи од двете страни

Изображение

Изображение

Изображение

И така наизменично го пополнувам телото ,сатна основа па извлечена рамка

Изображение

Изображение
што вкупно ставам 4-5 сатни основи за младите пчели восочарки да се испразнат од восочните кристалчиња.

Во плодиштето од кај што ги земав рамките за превешување ,исклучиво до леглото ставам кафејави рамови, за матицата побрзо да ги запоседне со легло ,се разбира предходно испрскани со сируп

Изображение

Изображение

Изображение

Го ставам второто тело

Изображение

На тие пчелни семејства што се на две тела се врши ротација на наставците – леглото се спушта на подница и се врши наведената операција на превешување, односно сега е моментот да се извадат црните рамки и на нивно место да се стават сатни основи.
Знаци во наведената операција од многу битно значење е леглото да остане целовито односно да не се врши раздвојување на леглото.

На сликата е прикажано пчелно семејство кое е екстремно во развојот односно горе наведената операција е изршена на 10 Април

Изображение

Се гледа дека пчелите се качени горе и правилно распоредени така што  во горниот наставак (второ тело)  има 5 рамки со легло

Изображение

Изображение

Изображение

Со кој се потврдува успешноста на операцијата

Ги молам администраторите на форумот, насловот на темата да се преведе на Булгарски јазик

Поздрав до сите колеги ,членови на форумот и ви посакувам здравје и успешна медна година


Илустрација - Марјан Петровски
genata_fi
Мнения: 861
Регистриран на: Вто Май 20, 2008 10:20 am
Местоположение: София, Годеч - 7 ЛР, Евгени Филимонов
Обратна връзка:

Re: Проширување на плодиштето, додавање на втор наставак

Мнение от genata_fi »

Хвала Колега.
Нека нашите колеги видят как трябва да се пише във форума.
Поздравления.
DAN
Мнения: 427
Регистриран на: Сря Май 18, 2005 2:14 pm
Местоположение: Русе

Re: Проширување на плодиштето, додавање на втор наставак

Мнение от DAN »

Браво Марияне!
Много добре си се справил. За езика не се притеснявай, ние сме братя всичко се разбира.
Публикувай отговор

Обратно към “Размножаване и селекция / Reproduction and selection”